Нашата приказна
ДМ КОНСАЛТ ПЛУС ДООЕЛ Штип е лиценцирано сметководствено биро основано во 2016 година, со валидна лиценца запишана во регистарот на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Р.С. Македонија. Друштвото е продолжение на приказната на ТП Книговодител ДМ основано во 2013 година.
Со професионален пристап и долгогодишно искуство, обезбедуваме сигурни, точни и навремени финансиски услуги, прилагодени на потребите на работење на Вашиот бизнис. Нашата цел е секој клиент да добие навремена, точна и квалитетна услуга, со целосна поддршка во сметководството, даноците и административните обврски, согласно законските регулативи.
Зад нас стои успешна соработка со повеќе од 100 компании од различни дејности. Работиме професионално, одговорно и доверливо, градејќи долгорочни партнерства базирани на транспарентност, доверливост и сигурност. Веруваме дека добрата соработка и доверба се основа за успешен и стабилен бизнис.